По исклучително ниските температури изминатите денови, во текот на утрешниот ден и претстојниот викенд, живата во термометарот ќе се искачи над нулата. Според прогнозата на синоптичарите во наредните три дена во Охрид дневната температура ќе биде од 1 до 4 степени, а минималната од -7 до 1.

Додека температурата на воздухот е во пораст, езерската вода со температура која не е забележана години наназад. Последните мерења покажуваат дека се движи нешто под шестиот степен, а делови од езерото веќе неколку денови се под мраз.

Пониски температури и повторни врнежи од снег и дожд се очекуваат од понеделник.

OhridNews