За прв пат, во организација на општина Охрид и АКК Примо авј од Скопје,  на 15 август од 18 до 22 часот и 16 август од 11 до 22 часот, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во ревијална изложба на олдтајмери. Изложбата на 40- те возила произведени до осумдесеттите години  ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски.

На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји.

Покрај изложбениот дел, вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат  и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14.30 часот до месноста Св. Наум и во 20.30 часот до хотелот Инекс Горица.

Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија, Бугарија и Србија. Се очекува во иднина манифестацијата да  добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.

OhridNews