Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, од Центарот за јавно здравје информираат дека во деновите 21-ви јули (петок ) и 22-ри јули (сабота), екипи од центарот ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено охридското крајбрежјето на потегот од село Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за наредниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881; 230 231.

OhridNews