Главниот извршен директор на Костал Македонија и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо е нов предводник на охридскиот ракометен клуб.

Мизо на денешното собрание влезе во бордот на директори како неизвршен член. Потоа бордот на директори го одбра за нов претседател. Мизо на оваа функција го наследи Димитар Василевски-Саричко кој си поднесе оставка после одлуката на Ракометната федерација на Македонија да ја поништи сезоната и да не му даде виза на клубот за излез во Европа.

Во управата на клубот остануваат истите членови а сите едногласно најавија голема поддршка на Ракометниот клуб Охрид кој е синоним за успех и успешно работење во македонскиот ракомет.

OhridNews