Елиминацијата од Баерн Минхен во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони, не го поколеба стратегот на Барселона, Тито Виланова за неговата иднина. Тој во дебитанската сезона на клупата од каталонците ќе ја освои титулата од Примера.

– Резултатот е многу лош. Барселона не беше 100% подготвена за дуелот со Баерн Минхен во Лигата на Шампиони. Ние имаме млада екипа и се надевам дека во иднина таа ќе “експлодира“ и ќе се врати на европскиот трон. Што се однесува до мене, јас и следната сезона ќе ја водам Барселона не ја завршив работата која ја започнав – истакна Виланова.

Мх.П.