Клубот од „Ел Мадригал“ му покажа заби на расизмот и со доживотна забрана за влез на стадионот го казни навивачот, кој му ја фрли бананата на Дани Алвес.

Бразилскиот интернационалец на провокацијата од публиката одговори со јадање на бананата, а со тоа го привлече и вниманието на целата јавност.

Само со ваков третман на навивачите кои ќе ги вреѓаат и провоцираат фудбалерите со темна кожа може да се стави крај на неубавите случувања на стадионите ширум светот.

Мх.П.