Екипата на Виљареал по само една година пауза се враќа во шпанската фудбалска елита. Полуфиналистот од Лигата на Шампиони 2006 година во директниот дуел кој одлучуваше за патникот во елитата го совлада тимот на Алмерија со 1-0.

Од поодамна пласман во елитата обезбеди лидерот на табелата Елче, а за последното место бараж ќе играат Алмерија, Џирона, Алкоркон и Лас Палмас.

Расинг Сантандер, Уеска, Реал Мурсија и Ксерез се екипите кои не обезбедија опстанок во „секунда дивизион“ и од следната сезона ќе се натпреваруваат еден ранг подолу.

Мх.П.