Во последниот натпревар од 17-та рунда
во Премиер Лигата, налондонското дерби помеѓу Тотенхем – Челси на Вајт
харт Лејн заврши без победник 1-1. Тогоанскиот интернационалец Адебајор
во 8-та минута донесе водство за “петлите“ додека младинскиот
репрезентативец на Анлгија, Стариџ го изедначи резултатот.

Наидовме на противник кој се бори за титулата а бод од тешките
гостувања е добредојден. За мене на овие натпревари резултатот не е
важен него перформансот што го покажвме на мечот. Останавме во трка за
титулата, ситуацијата не е лоша но секогаш излегуваме посилни и мислам
дека ќе ја надокнадиме негативата на табелата
– потенцираше португалецот
Андрес виљаш Бојаш.

“Сините“ по одиграни 17 натпревари во Премиер Лигата се наоѓаат на 4-та
позиција на табелата со 33 бодови, Тотенхем е трет со два повеќе од
Челси односно 35. Лидер пред мечевите на “боксин деј“ е Манчестер Сити
со 44 бодови а втор е бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед со 42.

Видео : “Мирољубиво“ во лондонското дерби

Мх.П.