Англискиот премиерлигаш Челси во последната рунда пред своите гледачи обезбеди пласман во најдобрите 16 од Лигата на Шампиони откако ја совлада Валенсија со 3-0. Прецизни за “сините“ беа репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска, Дрогба на два пати и бразилецот Рамиреш.

Низ текот на сезоната добиваме многу лоши критики за играта, резултатите, на натпреварот со Валенсија моите фудбалери се издигнаа високо и ги “скршија“ шпанеците. Што се се зборува мене не ми е важно, добро е кога екипата победува – потенцираше Андрес виљаш Бојаш.

Експлозија на “сините“ во мечот “да се биде или не“. Андрес виљаш Бојаш

Во вториот натпревар од групата Леверкузен пропушти шанса да заврши првопласиран во групата откако ремизираше со Генк играјќи 1-1.

Мх.П.