Челси пред своите гледачи го совлада “неподливиот“ Манчестер Сити со 2-1 во последниот натпревар од 16-та рунда во Премиер Лигата. Само две минути му беа потребни на Манчестер Сити да дојде во водсвот преку италијанецот Мариот Балотели. “Сините“ до крајот на првиот дел го изедначија резутатот со погодокот на Раул Меирелеш додека Френк Лампард во вториот дел  од пенал донесе голема победа за “сините“.


На дербито со Манчестер Сити покажавме снага, карактер и отпорност а тоа треба да се добие едно премиерлигашко дерби. Во вториот дел одигравме доста добро ги поправивме грешките од првиот дел и стигнавме до вредна победа која не остава во игра за титулата во Премиер Лигата. Моите фудбалери заслужуваат признание за игрите во последните неколку натпреваро во кои полека излегуваме од кризата – потенцираше португалецот Андрес виљаш Бојаш.

Поранешниот тренер на Порто, Бојаш се осврна на пеналот кој се покажа клучен за триумф над лидерот на табелата Манчестер Сити.


Пред почетокот на мечот во соблекувалните се договоривме Дрогба и Мата да ги изведуваат пеналите. Дрогба ја напушти игра а Мата по “муабетот“ со Лампард го оствави да шутира. За среќа наша Лампард го надмудри Харт и ја затресе мрежата – заврши Бојаш.


Во наредната 16-та рунда на програмата се две дерби пресметки, Манчестер Сити на “Етихад“ го пречекува “разбудениот“ Арсенал а Тотенхем ќе се судри со Челси.

Мх.П.