– Ветувам дека против Македонија ќе одиграме најдобро што знаеме и нема да тактизираме. Иако го обезбедивме првото место во групата нашите амбиции не се намалуваат и на мечот со Македонија ќе одиме на победа. Атмосферата во составот е одлична и не сакам со задкулисни игри да ја нарушам затоа за Македонија попуст ќе нема, ако се подобри нека не победат – потенцираше селекторот на Данска, Вилбек.
Натпреварот против Данска ќе разбуди лоши спомени за македонската спортска јавност бидејќи на Европското првенство во Србија, данците со гол во последната секунда ни го срушија сонот за пласман во полуфиналето.
Подоцна со победата над Србија во финалето избраниците на Вилбек се закитија со златниот медал.