За убедливиот пораз во финалето од Шпанија, данскиот селектор Урли Вилбек го обвини заморот и згуснатиот распоред на мундијалот. Мозаикот на данскиот селектор се распадна во финалниот натпревар и “фуријата“ стигна до втората светска титула.

– Ова е разочарувачко, најлошото искуство досега. Ние стоевме и чекавме мечот да заврши, наспроти шпанците кои немилосрдно не казнуваа. Но заморот си го направи своето, моите ракометари неможеа да стојат повеќе, а не да играат – рече Вилбек.

По поразот од “фуријата“, Европскиот првка Данска во вториот обид не успеа да го освои шестото златно одличје на мундијалите.

Мх.П.