Фудбалерот на Челси, Еден Азард сезонава игра важна улога во тимот на Жозе Мурињо, а пофални зборови на негова адреса стигнаа од белскиот селектор Марк Вилмотс, кој го спореди со Зинедин Зидан.


– Тој е голем талент. Кога го гледам Азард како да гледам Зидан. Тој постојано напредува. Смиреноста во играта, асистенции и головите го прават најдобар играч на Челси. Тој има 23 години и професионален фудбал игра шест години затоа не може да се споредува со Роналдо и Меси. Тој си има свој правец и сигурно нема да чекори по стапките на Роналдо и Меси. – рече Вилмотс.

Селекторот се осврна и на голманските способности на Тибо Куртоа, кој го засени и избрка од голот искусниот Петр Чех.

– Него го гледам на исти левел со Мануел Нојер. Во Атлетико беше добар, а сега во Челси е уште подобар. Тој уште на млади години освои доста трофеи што е добро за голман во младите години. – додаде Вилмотс

На Мундијалот во Бразил селекцијата на Белгија со Азар и Куртоа во составот стигнаа до четвртфиналето каде изгубија од Аргентина.

Мх.П.