Младиот Џек Вилсон го украде „збогум шоуто“ за Немања Видиќ на Олд Трафорд откако постигна два погодоци за Манчестер Јунајтед во победата над Хул 3-1.

Мечот со „тигрите“ беше последен за српскиот интернационалец на Олд Трафорд, а по завршување на сезоната тој ќе се пресели во милански Интер.


Видиќ во дресот на Манчестер Јунајтед пристигна од ЦСКА Москва на почетокот од 2005 година и веднаш стана важна алка во екипата.

Сер Алекс Фергусон на двоецот Видиќ – Рио Фердинанд го темелеше тимот, а за тоа двајцата добија награда носејќи ја капитенската лента.

Во дресот на „црвените ѓаволи“ Видиќ освои пет титули во Премиер лигата, три во Карлинг купот, пет во Супер купот на Англија и по една во Лигата на Шампиони и Светското клупско првенство.

 

Мх.П.