Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч Реал Мадрид за сезоната 2022/23 во изборот на навивачите на „кралскиот клуб“.

Многу сум задоволен од таквата поддршка од навивачите. Сакам да продолжам да напредувам и да се развивам со цел секогаш да ја демонстрирам најдобрата верзија од себе. Се надевам дека и следната сезона ќе продолжам во истиот дух и ќе можам да му помогнам на тимот, изјави крилниот напаѓач на Мадрид.

Бразилецот сезоната ја заврши со 23 гола и 18 асистенции на 55 натпревари.

OhridNews