Агенцијата за катастар на недвижности од денес овозможи ВИП постапка за пренесување на една недвижност од едно на друго лице да се врши по електронски пат. Постапката започнува од нотарот кој ќе им укаже на странките за можноста за ВИП постапката и доколку истите ја прифатат ќе ги упати на овластен проценител кој во рок од 3 дена ќе изготви процена на предметната недвижност потоа сите документи вклучувајќи ја и аконтативната даночна пријава по електронски пат проценителот ќе го достави до нотарот кој ја води постапката.
Нотарот во рок од 2 дека ќе го солемизира договорот, ќе го плати данокот на промет на сметка на општината, ќе стави клаузула за платен аконтативен данок на промет и по електронски пат ќе ги достави сите документи во Агенцијата за катастар на недвижности која во рок од 1 ден ќеизврши регистрацијата на недвижноста и издаде имотен лист.
Со ова постапката за регистрација на имот завршува, а катастарот по електронски пат целокупната документација ќе ја проследи до надлежната општина која ќе ја провери процената и ќе донесе даночно решение. Ваквата постапка се одвива во 3 чекори и ќе трае вкупно 6 работни дена од започнувањето на процесот.