Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ја освои престижната награда од УЕФА за најдобар фудбалер за сезоната која измина. Холанѓанецот во финалната трка ги совлада Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Репрезентативецот на „лалињата“ со маестралната игра во одбрана беше еден од најзаслужните што Ливерпул по шести пат успеа да ја освои титулата во ЛШ. Ван Дајк командуваше во одбраната а за добрата игра тој беше награден со признание за играч на финалниот натпревар каде Ливерпул го совлада Тотенхем со 2-0.

  • Најпрво сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи од Ливерпул без кои оваа награда немаше да ја освојам. Патот до титулата и оваа награда не беше лесен и беше многу долг. Порано многу легендарни фудбалери ги гледав како играат и се наоѓаат на ова место а дојде денот јас да стојам тука и да ме прогласат за најдобар. Вистинско уживање! – изјави Ван Дајк.

Робусниот фудбалер покрај наградата за најдобар играч во Европа ја освои и наградата за најдобар дефанзивец. За најдобар голман прогласен беше Алисон Бекер, за среден играч Френки де Јонг а за напаѓач Лионел Меси. Претседателската награда која ја додели Александар Чеферин му припадна на Ерик Кантона.

OhridNews