Ниту новиот шпански првак Реал Мадрид не остана имун на вирусот на ковид -19, откако позитивен тест доби фудбалерот Маријано Дијаз.

26-годишниот шпански фудбалер веднаш е префрлен во самоизолација, а резултатите од другите фудбалери се негативни.

Маријано Дијаз сигурно ќе го пропушти реванш натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони против Манчестер Сити кој ќе се одигра на 7 август.

Ова е прв случај во Реал Мадрид и воопшто во големите клубови од Шпанија кога се работи за коронавирусот.

OhridNews