Вирусот на птичјиот грип Х5Н1 може да мутира и да стане мошне опасен по здравјето на луѓето, стравува  Светската здравствена организација (СЗО)

Координаторот на Програмата на СЗО за борба против птичјиот грип Кејџи Фукуда, пред учесниците на конференцијата посветена на проблемот со болеста што се одржува во Анталија истакна дека луѓето лесно не се инфицираат со Х5Н1 вирусот затоа што тој се уште не мутирал. – Но, ние не сме сигурни дека во иднина нема да дојде до мутации на вирусот, нагласи тој.

Експертот на СЗО рече дека Организацијата продолжува да го испитува вирусот и да работи на пронаоѓање ефикасна вакцина против болеста. Притоа тој посочи дека постои можност од појава на епидемија.