Вис Пој – Спарадајз ќе играат во финалето на турнирот во мал фудбал Охрид 2010. Вис Пој финалето го обезбеди по победата од 4-0 над Ликвид.
Целата приказна околу прашањето на победникот беше решена уште во првиот дел. Ѓорѓиески по десет минути игра го отвори резултатот. Десет минути подоцна по додавањето на Јованоски истиот играч зголеми на 2-0. Одличниот прв дел Јованоски го заоокружи со третиот погодок за Вис Пој на додавање на Ѓорѓиески.
Сите дилеми околу пласманот во финалето беа разрешени на старот на вториот дел со погодокот на Пазаркоски, за конечни 4-0.
Спарадајз во финалето се пласираше по победата од 5-4 на пенали против Десарет.Натпреварот по регуларните 50 минути заврши без голови 0-0. Најзрелите прилики ги имаа Зекири и Маркоски, но мрежите на Карамачески и Јусуфи не се тресеа.
Ударите на Шакири и Нически го погодија дирекот, односно гредата, но голови немаше, ниту по продолженијата од два пати по пет.
Спарадајз беше поуспешан во пенал рулетот со 5-4. Единствениот кој не ја погоди целта беше Демири во првата серија.
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Охрид свечено ги отвори 24 Спортски синдикални игри и средби на Македонскиот полициски синдикат, истакнувајќи го значењето на спортот,...
Ракометарите на Охрид во рамки на 3-то коло на Супер лигата во сабота гостуваат кај екипата на Бутел Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енер...
Четиринаесет едриличари од клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54 Балканско првенство во едрење кое се одржа во Волос, Грција, натпреварувајќи с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.