На единаесеттата  седница на советот на општина Охрид која ќе се оддржи денес, советниците ќе расправаат за утврдувањето на висината на надоместокот на услугите кои ги вршат  јавните претпријатија.

Меѓу 85 точки предвидени на дневен ред, се и  годишните извештаи  за работата и  за    материјално –финансиското  работење  на основните и средни училишта, програмите за изведување училишни екскурзии, извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија во периодот од 1 април до 30 јуни, како и неколку точки од сферата на урбанизмот.

OhridNews