Висока делегација од Долна Нормандија во посета на Охрид
26.04.15 15:45
Амбасадорката на Франција во Р. Македонија, Лоренс Оер заедно со висока делегација од регионот на Долна Нормандија предводена од претседателот Лоран Бове , престојува во Охрид. Почесните гости остварија средба со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска. На средбата на која присуствуваа и претставници од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) се разговараше за интензивирање на соработката меѓу двата градови, Охрид и Каен кои имаат потпишано меморандум за соработка.
Општина Охрид веќе има аплицирано до регионот на Долна Нормандија со проект за изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид а претставници од општината Охрид на почетокот од овој месец беа во Каен со цел да стекнат искуства за заштита на стариот градски дел.
Повод за работна средба беше отворањето на Канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија во Скопје. Годинава навршуваат 10 години од официјалното партнерство помеѓу Долна Норамандија и Р. Македонија.
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Европската макросеизмичка скала вечерва во 22:05 часот го погоди регионот на Призрен, Косово Земјотресот бил со епицентар на 12 километри југоисточно од Пр...
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.