Кошаркарите на ГКК Охрид забележаа втора сезонска победа, совладувајќи го тимот на КК Младинец Скопје со убедливи 105 : 77 на домашен терен, во натпревар од 2 коло од Првата лига што се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“.

Од самиот почеток охриѓани го наметнаа својот ритам на игра и со брза транзиција и одличен тимски напад создадоа висока предност која ја задржаа до крајот на натпреварот. Со прецизен шут од далечина и цврста одбрана, „сино-белите“ уште еднаш покажаа дека се сериозен конкурент во новата сезона на Првата лига – мажи.

OhridNews