Во координираната акција на инспекцискиоте служби и полицијата, што беше спроведена викендов, санкционирани биле повеќе станоиздавачи кои нуделе услуги на улица, како и нелегални посредници за сместување, односно диви туристички агенции.

На нерегистрираните станоиздавачи им била изречена глоба до 700 евра.

Полициско-инспекциските контроли викендот ги контролираа и угостителските објекти, како и учесниците во сообраќајот, при што биле евидентирани десетина прекршувања на законските прописи.

Надлежните органи најавија дека засилените контроли ќе продолжат во текот на летото.
 

OhridNews