Седум ученици од основното училиште „Христо Узунов“ беа дел од 6-тата Олимпијада по експериментална физика -Ден на електронот, што се одржа во просториите на физичкиот факултет „Св.Климент Охридски” во Софија.

Охридските основци учествуваа под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.

  • Среќна и горда сум на нашиот успех,што во силна конкуренција и особено тешка експериментална задача успеавме на освоиме три награди и тоа: Атина Рувинова-трета награда,Борче Исакоски-втора награда и Кристијан Шишкоски –прво место. Со ова докажавме дека нашите ученици умеат, знаат и можат рамо до рамо да застанат,да се натпреваруваат и победуваат меѓу врсниците од другите  држави, вели наставничката ВераЗороска.

На Олимпијадата учествуваа ученици од Русија, Бугарија, Казахстан, Србија и Македонија.