Забележителен успех постигнаа учениците од О.У. „ Христо Узунов “ – Охрид на 36-от Републички натпревар по физика што се оддржа викендов во Пехчево.

Ученикот Петар Пипоски (7-одд) освои I награда, а Сања Симоновиќ (8-одд) освои II награда. Бидејки и двајцата беа втори на листата по број на освоени поени и двајцата се закитија со сребрен медал за двете генерации посебно. Ученикот Ѓорѓи Ристески беше пофален за успешно учество, додека сите останати ученици покажаа одлични резултати.


Од училиштето се задоволни од постигнатиот успех, бидејќи од можни шест освоени се две награди на републичко ниво. Овој успех учениците го постигнаа заедно со својот ментор Вера Зороска, професор по физика.


На натпреварот учениците од „Христо Узунов“ за прв пат имаа можност да со дружат со своите врсници од Пехчево кои се покажаа како гостољубиви домаќини, информираат од училиштето.

OhridNews