Деновиве во ОСТУ “Наце Буѓони” во Куманово, по петти пат се одржа натпреварот Лидер на струка од завршните години од средното стручно образование (електротехничката, машинската и сообраќајната струка), на кој учениците на средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, освоија високи награди.

Во машинската струка – образовен профил машински техничар, прво место освои Александар Петрески под менторство на професорите Владо Трајчески  и Стојан Новески. Во образовниот профил автотехничар мехатроничар, прво место и Лидер на струка освои ученикот Адријан Тасески под менторство на професорите Вангел Костоски  и Климе Ристоски.

Во сообраќајната струка – образовен профил техничар за патен сообраќај, прво место и Лидер на струка освои ученичката Мирјана Милеска, под менторство на професорите Ѓоко Милески и Наташа Гредоска.  

OhridNews