Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето беа дел од меѓународниот натпревар на угостителско- туристички училишта ГАТУС 2019. Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска каде учествуваа 170 учесници од 15 училишта. Учесниците, покрај што учествуваа во натпреварувачкиот дел, имаа можност да разменат искуства и ја подобрат соработката.

ОУТУ „Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:

  • Готварство со слаткарство. Се натпреваруваа учениците: Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски под менторство на Војо Ангелоски и освоија бронзен медал
  • Поставување свечена маса и подготвување коктел. Се натпреваруваа учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски под менторство на професор Зоран Наневски и освоија сребрен медал.
  • Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман. Се натпреваруваа учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили под менторство на професор Елена Митреска и освоија сребрен медал.

Домаќин на следниот меѓународен натпревар ГАТУС 2020 ќе биде ОУТУ „Ванчо Питошески“.

OhridNews