На регионалниот натпревар по физика одржан на 10.3.2018 година во Крушево,учество зедоа ученици од основните училишта од  Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места. Учениците од  ОУ „“Григор Прличев“ од Охрид, се пласираа меѓу најдобрите.

Ученичката Ева Китрозоска освои прва награда, Јана Петреска прва награда, Патар Мишов освои втора награда, Анастасија Стојаноска трета награда и Ева Бимбилоска доби пофалница.

Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.

OhridNews