Во хотелот Гранит, деновиве, се одржува работилница на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на Стабилност за Западен Балкан“. Организатори на настанот се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар– Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Македонија.

На работилницата учествуваат високи претставници од НАТО и американската амбасада во Република Македонија, меѓу кои и Марк Леити од НАТО, кој е еден од клучните говорници.

Помеѓу предавачите се и ценети професори од САД, РМ и други НАТО и земји аспиранти за членство во НАТО.

OhridNews