На покана на здружението за Македонско- Бугарско пријателство, во дводневна посета на Охрид и Струга, допатуваа обласниот управител (гувернатор), двајца заменици и поголем дел од администрацијата на Софиската област.

Гостите од Бугарија остварија средба со градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, а од страна на претседателот на месната канцеларија во Охрид, Иван Боев, беа запознаени со активностите на здружението, како и за застапеноста на здружението со тринаесет месни канцеларии на територија на цела Македонија.

На средбата се разговараше и за актуелните состојби во Македонија, а најголем интерес беше искажан за реализирањето на Евро- проекти кои се од взаемен интерес и со чија реализација би се придонело кон поголема афирмација на општините Охрид и Струга.

Боев, во името на градоначалникот на Охрид, кој е во работна посета на Италија, на гостите од Бугарија им подари пет монографии на Охрид и други пригодни подароци.

OhridNews