Поради дефект на главна доводна линија од пумпена станица Дрвара до резервоар Кале, денеска има прекин на водоснабдувањето во високата зона на стариот дел од градот од 9 часот.

Жители на стариот дел од градот со кои контактиравме вечерва, велат дека водоснабдувањето во овој дел од Охрид се’ уште не е нормализирано.

Водовод Охрид соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до санирање на дефектот.

Како што информиравме претходно, со покачувањето на температурите кои долг период беа во минус преку целиот ден, дошло до бројни дефекти во водоводната мрежа, кои им создаваат многу проблеми како на граѓаните, така и на службите од јавното претпријатие.

OhridNews

Пукаат водоводни цевки на сите страни