Високите температури го зголемија бројот на интервенции во здравствените установи
09.07.12 10:23
Поради високите температури деновиве се бележи зголемување на интервенциите во здравствените установи во Охрид.
Како што информираат од Општата болница, најголемиот број од пациентите кои деновиве се обратиле за помош во оваа здравствена установа се поради зголемена хипертензија и луѓето со хронични срцеви заболувања.
И од охридската служба за итна помош потврдуваат дека е зголемен бројот на пациентите, како што велат очекувано, поради зголемениот број на туристи кои престојуваат во градот.
Најголемиот број интервенции во Итната помош се поради појава на соначница, зголемен крвен притисок и срцеви заболувања.
Истовремено, појава на стомачни вируси кои се вообичаени за овој период од годината- нема. Како што информираат од Центарот за јавно здравје, засега нема пријавено случаи на стомачни вируси или труења со храна.
Препораките на лекарите се во текот на деновиве со екстремно високи темепратури е да се останува во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во периодот од 11 до 17 часот , да се најде можност за почести одмори под сенка.
Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Како превенција од појавата на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува : задолжително миење на земјоделските – градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, тивка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Променливо облачно Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб променлив ветер Во Охрид времето денес променливо облачно со сонч...
ЈП Водовод Охрид најавуваат прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден и кај корисниците на улицата „Вис“ Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа утре од 08:00 час...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.