Јапонија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – ИАЕА) и јави дека 28 работници од нуклеарната централа „Фукушима-21 Диаичи“ биле изложени на високи дози радијација додека се обидувале да го стабилизираат работењето на нуклеарката тешко штетена во катастрофалниот земјотрес од 11-ти март, јавува „Макфакс“.

Од околу 300-ини работници во јапонската нуклеарна централа, 28 примиле дози повисоки од 100 милизиверти (мСВ), соопштија вечерва од седиштето на МААЕ во Виена, пренесувајќи ги известувањата од јапонските власти.

„Ниеден работник не примил доза поголема од 250 милизиверти, што во Јапонија  е дозволена граница за изложеност за работниците во вонредни ситуации“, се наведува во писмената изјава од Агенцијата цитирана од „Ројтерс“.

Просечната доза за работниците во нуклеарните централи изнесува 50 милизиверти во текот на пет години.

Во март двајца работници во нуклеарната централа „Фукушима-1 Диаичи“ беа хоспитализирани затоа што нивните стапала беа озрачени со 170 до 180 милизиверти, бидејќи стоеле во контаминирана вода. Во меѓувреме јапонските власти соопштија дека работниците се опоравиле.

Во меѓувреме п.ет специјалисти за лечење на ракот од четири јапонски болници во писмо до британскиот неделник „Лансет“ тврдат дека би било добро да се направат залихи на матични клетки од работниците кои од 11. март, кога се случи земјотресот и цунамито во Јапонија, се обидуваат да спречат нуклеарна катастрофа на североистокот на Јапонија, пренесува агенцијата Франс прес.

Со таа метода би се зеле примероци од матичните клетки во крвта кои потоа би можеле да се пресадат за време на лечењето на ракот за да почнат да се создаваат нови станици на крвта кај пациентите кај кои туморите се отстранети со зрачење.

Лекарите се пожалиле на отпорот што кон земањето примероци од крвта на работниците ја покажуваат надлежните за нуклеарниот сектор во Јапонија, бидејќи се плашат за својот углед.

OhridNews