На гала прослава што ја приреди Пливачкиот сојуз на Виена, во австриската престолнина на талентираната македонска пливачка Тамара Трајковски и беше врачено признанието за најдобра пливачка на Виена во школска класа 1 генерација 2000-2001 година.


Високо спортско признание за македонката Тамара Трајковски (во средина)

Дванаесетгодишната Тамара, која се натпреварува во Австрија, триумфално ја заврши натпреварувачката 2012 година. Покрај успесите на бројните пливачки натпревари таа на крајот од сезоната на завршниот петти Wiener Cup го одбрани првото место со убедливи 140 поени пред нејзината конкурентка на втората позиција, со што ја освои титулата најдобра пливачка на Виена во школска класа 1 генерација 2000-2001 година.


Тамара во 2012 година зеде учество на повеќе од 20 пливачки турнири ширум Австрија. Имаше близу 100 стартови и освоени 40 медали во различни дисциплини.

OhridNews