На 45 тиот Меѓународен саем за туризам во  Нови Сад, Србија, кој се одржa од 27-30-ти септември паралелно со саемот за лов, риболов и спортска опрема, познатиот ресторан „Острово“ од Св. Наум, Охрид, се закити со награда за „Нов квалитет во туризмот, што ја доделува организацијата „Туристичка призма“.


Наградата ја прими сопственикот и менаџер на ресторанот „Острово“, Благоја Ристески.


Ова признание претставува уште една потврда на квалитетите на ресторанот „Острово“ и на охридскиот туризам воопшто.

OhridNews