Млад човек облечен во средновековна облека и вооружен со меч уби две лица и рани петмина во неделата вечерта во центарот на Квебек, Канада. Набрзо по нападот тој е уапсен.

Полицијата во Квебек соопшти дека уапсениот осомничен, според првичните резултати од истрагата,  злосторството го извршил од лични причини, а не од било која друга причина.

„Според наше прво сознание, осомничениот го стори тоа од лични причини, а не од која било друга причина“, соопшти тамошната полиција.

Мажот е официјално идентификуван, но полицијата не го објави неговиот идентитет ниту откри дали тој бил претходно познат на нивните служби.

OhridNews