Поразот од Струга во Купот на Македонија не ги дестабилизираше ракометарите на Охрид 2011, кои цела недела напорно тренираа за првиот првенствен натпревар во новата година.
– РК Радовиш е солидна екипа, со јака бековска линија, која амбициозно настапува оваа сезона со цел да обезбеди пласман во Супер лигата. Ние и покрај тоа што немаме таква амбиција, секогаш се трудиме да изиграме најдобро, со победа за Охрид. И покрај тоа што ќе играме вон стандардниот термин, ние ќе дадеме се од себе за соодветно да ги казниме радовишани за поразот кој го претрпевме на гостински терен. Поразот од купот многу не боли, но со оваа победа ќе ги залечиме раните и се надеваме дека ќе наметнеме нова победничка атмосфера – потенцираа од клубот Охрид 2011.
Дербито на колото во Првата машка ракометна лига се игра во 20 часот, а на ракометарите на Радовиш им е потребна победа во Охрид откако нивниот ривал Струга забележа убедлив триумф во првата рунда.
Во првата полусезона охридската тврдина остана неосвоена, а кога ќе се соберат сите фактори не очекува одлична ракометна престава во спортската сала “Билјанини Извори“