Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ е избрана од Министерството за транспорт и врски во следните три години со субвенции од македонската Влада да воспостави 5 нови дестинации од Скопскиот аеродром и една редовна линија од Охридскиот аеродром.
– Два дена пред истекот на 2014 година „Виз ер“ е избрана за нискобуџетен авиооператор за наредните три години. Има рок на жалба и очекувам до 15 јануари да го склучиме договорот. Понудени се нови линии од Скопје кон пет европски центри и директен лет од Охрид кон Базел, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во 2014, потсети Јанакиески, преку проектот за финансиска поддршка за нискобуџетни компаниии беа воведени пет нови дестинации кон Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.
OhridNews
извор: Нова Македонија