Од Балетското студио за модерен и класичен балет „Визави“ кое функционира во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“, информираат дека се врши упис на нови членови.

Заинтересираните љубители на балетот на возраст од 5 до 22 години, зачленувањето може да го направат во просториите на Центарот за култура, секоја среда од 18 до 20 часот и во недела од 11 до 14 часот.

Балетското студио “Визави”, повеќе од четири години функционира во рамки на охридскиот Центар за култура, раководено од кореографот Јулија Милевски. Зависно од возраста, членовите се поделени во три групи- мала, средна и голема група.

На крај од минатата година, во изведба на членовите на „Визави“, охридската публика имаше можност да ја проследи претставата „Палешка“ работена според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, која предизвика голем интерес кај најмладите охриѓанчиња.

OhridNews