Патниците кои од 29 октомври ќе патуваат со „Визер“ нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови.

Како што информираат од компанијата, за летовите пред 29 октомври цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42*32*25 цм). Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите од 29 октомври цените на еднонасочните летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на рачниот багаж (55*40*23 цм, максимално 10 кг).

Секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси, стои во соопштението на „Визер“.

OhridNews