Европската комисија предложи надоградување на визната регулатива со таканаречен заштитен механизам со цел да се спречи бранот бегалци во ЕУ. Како што појасни еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром предлогот на Европската комисија ќе овозможи привремено укинување на безвизниот режим за трети земји, но во исклучителни и јасно дефинирани случаи.Овој механизам во моментов нема да се спроведува, во ниту една држава, но претставува заштитен механизам за земјите членки на Унијата и Шенген зоната, доколку во иднина постои опасност за нивната безбедност од неконтролираниот прилив на емигранти, појасни Малстром.
За предлогот на Европската комисија на 9 и 10 јуни во Луксембург ќе рсправа Советот на министри на Унијата.











