Европската комисија предложи надоградување на визната регулатива  со таканаречен заштитен механизам со цел да се спречи бранот бегалци во ЕУ. Како што појасни еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром  предлогот на Европската комисија ќе овозможи привремено укинување на безвизниот режим за трети земји, но во исклучителни и јасно дефинирани случаи.
-Станува збор за крајна мерка која ќе следи по преземањето и имплементирањето низа други чекори. Целта не е оваа заштитна клаузула да се воведе денеска, се надевам дека воопшто ќе нема потреба од нејзино имплементирање, но таа е тука и постои за да се заштити интегритетот на системот и да ни овозможи да продолжиме со дијалогот за безвизен режим со други држави. Заштитната клаузула не е наменета конкретно против некои земји, туку е една општа одредба која не се базира на принципот на автоматизам. – изјави Малстром.

Овој механизам во моментов нема да се спроведува, во ниту една држава, но претставува заштитен механизам за земјите членки на Унијата и Шенген зоната, доколку во иднина постои опасност за нивната безбедност од неконтролираниот прилив на емигранти, појасни Малстром. 

За предлогот на Европската комисија на 9 и 10 јуни во Луксембург ќе рсправа Советот на министри на Унијата.

OhridNews