Вкупно 1180 слободни места за охридските полуматуранти
16.06.10 15:10
На првиот уписен рок, утре и задутре Охридските полуматуранти ќе може да конкурираат за вкупно 1180 слободни места во средните училишта во Охрид.
Според Јавниот конкурс, кој го објави Министерството за образование, во Општинското Средно училиште “Св. Климент Охридски” ќе може се запишат вкупно 442 ученика во 13 паралеки. Од нив 8 паралелки или 272 ученика се предвидени во гимназиското образование. Во економско-правната струка ќе може да се запишат 136 ученици во вкупно 4 паралелки, а во Здравствената струка, во една паралелка предвидени се 34 ученици. За упис во гимназиските и економските смерови потребни се најмалку 60 поени од успехот од основно училиште, а за упис во медицинската струка потребни се најмалку 70 поени.
Во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” ќе може да се запишат вкупно 432 ученика во вкупно 13 паралеки од кои 11 се на македонски, а 2 на албански наставен јазик. Во Машинската струка ќе има место за вкупно 136 ученици, 194 ученици ќе може да избираат во четирите насоки од Електротехничката струка, а на струките Козметички техничар и Техничар за патен сообраќај ќе може да се запишат вкупно 102 ученика. Според критериумите на конкурсот најмногу или 60 поени се потребни за смеровите Електротехничар за електротехника и телекомуникации и Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. За смерот електромеханичар потребни се најмалку 30, а за машинските и собраќајните струки струки од 45 до 55 поени.
Општинското угостителско –туристичо училиште “Ванчо Питошески” годинава ќе прими вкупно 306 нови ученици. Од нив 272 во Угостителско туристичката насока, поделена во 4 струки и 34 ученици во Прехрамбената насока. За смеровите келнер, готвач, слаткар и пекар потребни се по најамалку 30 поени од успехот од основното училиште, а додека пак за хотелско туристички техничар требаат најмалку 50 поени.
Вториот уписен рок е на 29 и 30 јуни, а третаат можност за запишување е на 19 август. Од 2008 година средното образование е задолжително и за родителите кои своите деца нема да ги запишат ќе се покрене кривична пријава. Паричните казни се најмалку 1.000 евра.
По повод 8-ми Декември – СвКлимент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распиша Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба Темата на Конкурсот треба да се однесув...
По повод 8-ми Декември – „Св Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „СвКлимент Охридски” за 2025 година Награда...
Реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“ се реализирани изминатиот период, информираат од Општина Охрид Пос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.