Советот на Општина Охрид  денеска ќе ја одржи својата  46 седница. Советниците ќе расправаат за вкупно  24 точки на дневниот ред, кој ви го приложуваме во целост.

Дневен ред на седницата:

1.    Предлог Одлука за усвојување на   Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на    Центарот за развој   на Југозападниот плански регион.
2.    Предлог Одлука за давање  согласност, за склучување на договор за соработка за воспоставување на регионален  одбор  за управување со отпад  во Југозападниот плански  регион.
3.    Предлог  Одлука за проширување на средствата  во Буџетот на општина Охрид за  2012 година.
4.    Предлог  Одлука  за усвојување  на Извештајот  за остварување на буџетот за периодот од 01.01. до 31.03.2012 година.
5.    Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата  за  изведба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01. до 31.03.2012 година .
6.    Предлог Одлука за усвојување на     Извештајот  за реализација на Програмата  за  одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање  на режим на сообраќај за периодот  од  01.01. до 31.03.2012 година.
7.    Предлог  Одлука  за усвојување на  Извештајот   за реализација на Програмата  за изградба на системи за водоснабдување за периодот  01.01 до 31.03.2012 година.
8.    Предлог  Одлука  за усвојување на  Извештајот  за реализација на Програмата  за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за периодот  од 01.01. до 31.03.2012 година.
9.    Предлог Одлука за усвојување  на  Извештајот   за реализација на Програмата за уредување на  градежно земјиште за    периодот од 01.01.до 31.03. 2012 година.
10.    Предлог Одлука за усвојување на  Извештајот  за  реализација на Програмата за изградба на  сообраќајна сигнализација   за периодот од  01.01 до 31.03.2012 година.
11.    Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата  за јавно осветлување    за периодот од 01.01.до 31.03.2012 година.
12.    Предлог Одлука за усвојување на извештајот за  реализација на Програмата  за  подршка на локалниот  економски развој на општина Охрид за периодот од   01.01.-31.03.2012 година.
13.    Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата  за  потикнување на развојот на   туризмот на општина Охрид   за   периодот од  01.01.-31.03.2012  година.
14.    Предлог Одлука за  усвојување на Извештајот за реализација на програмата за  изработка на урбанистички планови на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2012 година.
15.    Предлог  Одлука за утврдување  приоритет на Проекти  за водоснабдување и одведување отпадни води .
16.    Нацрт Изјава  за исполнување  на услови по  Договор  за  заем по Проектот  „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
17.    Предлог Одлука  за утврдување висината   на надоместок за поставување  на инсталации во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, за прекумерно користење на пат и за вондреден превоз.
18.    Предлог Одлука за отстапување на користење на паркинг простори  од општина  Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
19.    Предлог Одлука за давање согласност  на Одлука за  внатрешна организација  на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
20.    Предлог Одлука  за субвенционирање  за плаќање на специјални садови за отпад за корисниците на  комуналната услуга.
21.    Предлог Одлука за  формирање  одбор за подигање на спомен обележје  за  одбележување на Богојавление Водици.
22.    Предлог Одлука за  донесување  изменување и дополнување на  Урбанистички план вон населено место на крајбрежен простор на општина Охрид, во  зона Исток 1, Потег Лагадин-Пештани, дел од Блок 7 опфат 1, 2009-2019.
23.    Предлог Одлука за донесување  детален урбанистички план за градежна парцела  бр. 1.4.1 на Кп.бр. 4626 во УЗ 11 УБ 11.4 КО-Охрид 4, општина Охрид 2011-2016.
24.    Предлог Одлука за  критериумите и постапките  за доделување на финансиски средства од  Буџетот на општина Охрид на организациите   на подрачјето на  општина Охрид од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладини  организации, здруженија и фондации.

OhridNews