Вкупно 4.735 охриѓани се евидентирани на листата на невработени во Агенцијата за вработување заклучно со месец јануaри 2015 година. Оваа бројка е за 721 поголема од бројката на невработени која била евидентирана во истиот период во 2014 година кога биле запишани вкупно 4.014 лица кои бараат работа во Охрид.
Според степенот на образование во рамки на јануарската евиденција во Охрид, запишани се 802 лица со високо образование, а во моментов вработување наме ни за 47 магистри. Во евиденцијата на невработени охриѓани запишани се и 182 лица со виша школа и 1.360 лица со средна стручна спрема. Со непотполно средно образование работа бараат 1.061, а со основно образование 1.283 охриѓани.
Регистарот на Агенцијата за вработување, веќе неколку години наназад покажува дека повеќе од половината невработени во Охридскиот регион се со навршени 40 години или 2.778 лица. На возраст од 30 до 40 години запишани се 917 невработени лица, а преку Центарот за вработување во Охрид работа бараат и 1.140 лица, помлади од 30 години.
Според половата распределеност, во вкупната бројка на невработени охриѓани, доминират мажите со 2.604 невработени или 473 повеќе од жените, кои во евиденцијата на невработени партиципираат со 2.131 место.
OhridNews













