Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно, денес, се одржа туриистичко- промотивната манифестација „Охридска софра“ што неколку години по ред ја организира општина Охрид.
Бројните гости имаа можност да видат како се подготвуваат локални специјалитети и да вкусат од надалеку познатото ѓомлезе. Учесниците на годинешната Охридска софра, кои подготвија највкусно ѓомлезе, добија и парични награди.
За забавата на манифестацијата, со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона и се збогатува туристичката понуда, се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.
OhridNews











