„Вкусот на традицијата не спојува“ беше насловен училишниот настан која се одржа денеска во просториите на уметничката колонија „Дебрца“ во селото Белчишта. Во рамки на настанот учениците заедно со вработените од основното училиште „Дебрца“ организираа заедничка активност со збратименото училиште „Нури Мазари“ од струшкото село Корошишта.
Учениците и вработените заедно со родителите од двете училишта подготвуваа традиционални јадења кои се препознатливи во нивната култура и нивното поднебје.
Оваа активност е дел проектот на УСАИД – Мултиетнича интеграција во образованието поддржан од Министерството за образование и наука.
OhridNews