За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци, посочуваат во денешното соопштение.
Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, се со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство, велат.
Македонија, потенцираат, се трансформира и одговорно и посветено се работи во интерес на земјоделците.
Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија. Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темели на промените, додаваат во соопштението од Влада.
OhridNews