Владата на Република Македонија остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство. Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, изјави денеска владиониот портпарол Миле Бошњаковски.

Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана, истакна Бошњаковски.

Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека министерството за внатрешни работи целосно е вклучено во предистражната постапка.

Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница.

Владата на Република Македонија исто така ги става на располагање на Основното јавно обвинителство сите капацитети со кои располагаме доколку е истото побарано и потребно. – рече Бошњаковски.

OhridNews